Кривична за скопјанка која малтретирала старица

Од:

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.М. (64) поради основано сомнение за сторено кривично дело „Телесна повреда при вршење семејно насилство“.

Во март годинава, Б.В., син на оштетената, усмено се договорил со пријавената  да се грижи и да ја чува неговата 84-годишна мајка Н.В. која е тешко подвижна и болна од Паркинсонова болест и деменција, за сметка на што, без надомест би и овозможил да живее со мајка му и да се грижи за сите нејзини финансиски потреби, бидејќи немала сопствен дом и средства за егзистенција.

На 21-ви овој месец околу 00:30 часот на улицата „Димо Хаџи Димов“, Б.В. преку поставениот видео надзор во станот на приземјето каде што живее неговата мајка заедно со пријавената Ј.М., случајно забележал како пријавената физички ја малтретирала мајка му, удирајќи ја со рацете по главата и телото, тегнејќи ја за коса и туркајќи ја на креветот. Се симнал  на долниот кат и ја спречил понатаму физички да ја напаѓа и малтретира неговата мајка, по што ја истерал од нивниот дом.  
Ј.М. во повеќе наврати и во претходните месеци без повод и причина физички ја малтретирала оштетената.

Вчера Ј.М. е лишена од слобода и со неа полицијата изврши  службен  разговор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас