Кривична за скопјани осомничени за кражбата на сефот со околу 500 илјади евра

Од:

МВР со кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство-Скопје  ги предаде лицата Ш.С. (44), С.Ш.(33), Р.Џ.(38) и И.П.(36) сите од Скопје поради основано сомнение дека со намера да се стекнат со противправна имотна корист во временскиот период од 21/23.06.2013 година на ул. „Павел Шатев“  во стан сопственост на М.М.(56) од Скопје, сториле кривично дело „тешка кражба во стан“.

Како што денеска соопшти МВР, осомничените украле метален сеф во кој имало  поголема сума пари, златен накит и со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 33.580.000 денари. Имено, во периодот од 21.06.-23.06.2013 година пријавените  Ш.С., С.Ш. и Р.Џ. по претходно посочена локација и прилика од страна на четвртопријавениот И.П., дошле на ул. „Павел Шатев“  до станот сопственост на оштетениот и со прекачување најверојатно со скалило на соседниот објект или терасата од првиот кат од станот каде што на еден од прозорците од спалната соба најпрво насилно ја подигнале пластичната ролетна, а потоа насилно со употреба на погоден алат делувале помеѓу крилото и рамката од прозорецот при што го отвориле и со протегање на рака го дофатиле механизмот за одбравување на вратата од терасата и истата ја отвориле и насилно ја подигнале пластичната ролетна од вратата и влегле внатре во станот.

Внатре горепријавените извршиле пребарување и претурање во собите и пронашле и украле еден метален сеф со димензии  90-90-90 сантиметри  тежок околу 300 килограми во кој што имало околу 500.000 евра, поголема количина на накит и пиштол по што го напуштиле станот преку влезната врата на која што со погоден алат делувале на цилиндерот од бравата  од внатрешна страна, истиот го скршиле, а во така направенот отвор ја отклучиле бравата и заминале во непознат правец со  што се стекнале со противправна имотна корист од  33.580.000 денари.

Од страна на Единицата за истрага на местото на настан и вештачење при СВР Скопје извршен  е увид на лице местото,  разговарано е со граѓани при што од разговорот со некои од нив добиени се одредени  сознанија во врска со извршеното кривично дело. Извршен е преглед на околината и од предната страна на зградата поточно во грмушките во тревникот  пронајден е сензор од рефлектор, количка и други траги.

Од натамошното вештачење и анализа на трагите утврдено е дека Ш.С. е можен сторител на делото.

На 10.07.2013 година приведени се четворицата пријавени, извршен е разговор со нив, а по наредба на дежурен Истражен Судија извршен е и претрес во домот и другите простории сопственост на пријавените со цел пронаоѓање на предмети од наведеното кривично дело, при што се пронајдени предмети  за кои  постои  сомнение дека истите потекнуваат и  од други кривични дела  тешки кражби  и истите се  одземени.

Од пријавениот Ш.С. одземено е   возило „АУДИ  А-8 ТДИ КВАТРО” поради сомнение дека истото е употребено за транспорт на украдениот метален сеф.  Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Четворицата пријавени минуваат во крим евиденција за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба”. Лицето Ш.С. исто така минува  во крим евиденциите за извршени  повеќе кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување  со оружје и распрскувачки материи“, „предизвикување општа опасност“, „тешка телесна повреда“, „напад на службено лице при вршење работа на безбедноста“ и „обид за убиство“.

Лицето П.И. минува во крим евиденцијата и за извршени повеќе кривични дела „прикривање“ и  „лажно пријавување на кривично дело”.

Би можело да ве интересира

Обид за кражба на изборен материјал од простории во Општина Чаир

А1он

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ