Кривична за скопјанец за поседување и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба на деца

Од:

МВР информира дека вчера Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија“ предвидено и казниво по член 193-а став 3 од Кривичниот законик.

По добиена информација од полицијата во Германија за спроведена истрага во врска со сексуална злоупотреба на деца и поседување и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба на деца, како и дека станува збор за профил на апликацијата Telegram”, со телефонски број и ИП адреса од Р. С. Македонија, од страна на Секторот за компјутерски криминал при МВР беа преземени мерки и активности за прибирање на докази при што по утврдување на корисникот, на 20.08.2025 година по добиена Наредба од Основниот кривичен суд Скопје за претрес на дом и помошни простории, Наредба за пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци и Наредба за привремено одземање на компјутерски податоци, од страна на полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал беше извршен претрес во домот на Ф.М. (27) при што пронајдени и одземени се предмети за понатамошна постапка.

Ф.М. е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба и известен Јавен обвинител од ОЈО Скопје за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за пет лица поради нелегална сеча и транспорт на дрва

Поранешна директорка на битолската Клиничка болница осомничена за злоупотреба

Кривична за велешанка – си зема 212.000 денари од касата на фирмата каде работеше

А1он

Ексградоначалник на Чашка под истрага за злоупотреба на функцијата

Кривична за битолчанец – со фалсификување документи го оштети РЕК Битола за скоро 90.000 евра

А1он

Кривична за петмина тетовци за трговија со дете и полов напад

А1он