Кривична за скопјанец за кражба од чанта

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против З.А.(34) од Скопје осомничен за кривично дело „тешка кражба“ што ја извршил на 15-ти месецов.

– Околу 14 часот, додека оштетената пеш се движела по бул. „Крсте Мисирков“, З.А. и се доближил, го отворил патентот од чантата и и го одзел паричникот по што побегнал во непознат правец. На тој начин, З.А. се стекнал со противправна имотна корист од околу 5.000 денари, соопшти МВР во дневниот билтен.

По преземени мерки, З.А. истиот ден бил приведен во Полициската станица Бит-пазар и во службениот разговор го признал делото и го појаснил начинот на извршување.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски