Кривична за штипјанец кој продавал марихуана и фалсификувал евра

Од:

Полицијата поднесе две кривични пријави против Б.К. (35) од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Од страна на судија на претходна постапка на Б.К. му е одередена мерка притвор во траење од 30 дена.

На 25 септември годинава, по претходно добиени оперативни сознанија за недозволена трговија со дрога и пуштање во оптек фалсификувани евра, полициски службеници од СВР Штип, врз основа на наредба од Основен суд, извршиле претрес во домот и помошните простории на Б.К., при што пронашле и одзеле 558,2 грама марихуана спакувана во неколку најлонски кеси.

Покрај ова, според документираните сознанија, Б.К. на 21 септември, со намера да стекне противправна имотна корист, пуштил во оптек четири фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра со кои од турски државјанин купил мобилен телефон марка „Ајфон 6 С“.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски