Кривична за повредениот Комита од шок бомба во Битола

Од:

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против 37-годишниот Г.Н. од Скопје за предизвикување општа опасност.

На трети месецов околу 19 часот и 20 минути на стадионот „Тумбе Кафе“ во Битола, за време на одигрувањето на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК„Пелистер“ и ФК„Вардар“, на место каде била сместена навивачката група „Комити“ од Скопје, во маса од поголема група лица, пријавениот активирал експлозивна направа, „Шок бомба“.

Пријавениот со бомбата во десна рака се пробил низ толпата навивачи и се повлекол во средината на толпата каде почнал да размавтува со неа, во еден момент ја префрлил во левата рака и потоа истата ја активирал.

За целото време навивачи од групата Комити се обидувале да ја одземат или да направат нешто друго со бомбата, додека од униформираните припадници на МВР за цело време се слушало предупредување со извици за Шок.

Од експлозијата пријавениот се здобил со тешки телесни повреди (ампутација на прсти од лева рака), а исто така со повреди се здобиле уште седум лица од Скопје.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа