Кривична за охриѓанец поради неовластено производство и пуштање во промет дроги

Од:

Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против охриѓанецот К.М. (59) поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело – “неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. За пријавениот судија од претходна постапка веќе му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

По претходно обзебедена наредба на Основниот суд вчера при претрес извршен во домот на К.М., полициските службеници пронајдоа 527 таблети екстази, околу 15 грама опојна дрога кокаин, 630 грама смеса додаток за мешање со кокаин, околу 400 грама опојна дрога марихуана, потоа 1.450 евра во различни апоени, фалсификувана возачка дозвола, дигитална вага и мелница за кафе со траги од кокаин како и други предмети.

Од вкупниот број таблети, 216 парчиња, според направеното вештачење се т.н. метиолендиокси-метамфетамин (МДМА) што како психотропна супстанца и стимуланс на централниот нервен систем е на листа на забранети дроги и психотропни супстанци, а биле пронајдени сокриени во кујната. Останатиот дел од таблети во елипсовидна форма со втиснато лого „Плејбој“, забележани се во останатите простории од семејната куќа. Кокаинот е пронајден во отвор за чистење на оџак.

Пријавениот К.М. е лице познат на службата и против него, по неколку основи и досега биле поднесувани кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски