Кривична за главниот благајник во штипската Клиничка болница

Од:

Управата за финансиска полиција до Основното Јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против П.М(54) од Штип, вработен како главен благајник во ЈЗУ Клиничка болница – Штип, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело во службата од член 354 ст.3 в.в член 45 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Инспектори од Управата за финансиска полиција и СВР-Штип извршиле контрола во благајничкото работење и сметководствената евиденција на ЈЗУ Клиничка Болница Штип при што е обезбеден годишниот контролен извештај за 2014 година од фискалната каса со која ракувал П.М.

По извршените споредби на реализираниот промет од фискалната каса со уплатените парични средства во благајната на ЈЗУ Клиничка болница Штип, соопшти Управата за финансиска полиција, констатирано е дека, пријавениот во повеќе наврати лично за себе ги присвојувал наплатените парични средства по основ на полагање на стручен испит, вршење лекарски прегледи за возачки дозволи, издавање лекарско уверение и за препис на документација.

П.М, во својство на службено лице, главен благајник во ЈЗУ Клиничка Болница Штип, во текот на 2014 година со ваквиот начин на работење успеал да проневери и лично за себе да присвои износ од околу 1,4 милиони денари за кој износ е оштетена Клиничката Болница во Штип.

Директорката на болница, Елизабета Папарова  вели дека подолго време се сомневале, затоа е отстранет од работното место и ја повикале финансиската полиција.

– Контрола е направено за 2014 година, а наш став е дека и утре, односно од понеделник ќе направиме контрола од 2011, 2012 и 2013 година. Тоа ќе биде интерна контрола, но ги повикуваме и експертите да ни помогнат во расчиствување на целокупната документација, вели Папарова.

Осмоничениот главен благајник на штипската Клиничка болница парите кои ги присвоил од пациентите ги искористил за решавање на свои лични фианнсиски проблеми. Тој веќе  заработи кривична пријава за проневера на пари и случајот е предаден на основното јавно обвинтелство.

Од извршениот службен разговор со пријавениот утврдено е дека во текот на 2014 година бил задолжен со вкупно 28 кочани на квитанции (потврди за извршена наплата), од кои со 13 не се раздолжил бидејќи парите кои ги наплатил по овие квитанции ги присвоил и потрошил за решавање на свои лични финансиски проблеми.

Заради челосно расчистување на случајот, Финансиската полиција и СВР Штип веќе превземаат дополнителни активности со цел утврдување дали и во минатите години во Клиничката Болница во Штип имало случаеви на проневера на средства од наплатената партиципација од пациентите од страна на вработени во центарот. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он