Кривична за двајца скопјани кои шверцувале марихуана во вредност од 80.000 евра

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Ј.С.(48) и А.С.(43), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што соопшти МВР, тие на 28 октомври, околу 3:00 часот на граничен премин Долно Блаце, се пријавиле на влез во Република Македонија со патничко возило „Шкода октавија“. При прегледот на возилото, кое било изнајмено, откриени се 22 пакувања со опојна дрога марихуана во вкупна тежина од 15 килограми и 725 грама, скриени во внатрешноста на возилото.

Пријавените дрогата ја превзеле во соседно Косово, по претходен договор со лице од Косово, за транспортирање на марихуаната до Скопје, а за паричен надомест од 500 евра за килограм, односно за 7.500 евра.

Вредноста на запленетата дрога на овдешниот нарко пазар би достигнала речиси 80.000 евра.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват