Кривична за двајца корумпирани сообраќајни полицајци

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полициските службеници Б.В. и Х.З., вработени во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп“.

Пријавените на 25.09.2022 при вршење на сообраќајна контрола на ул. Димитрија Чуповски во Скопје, од оштетениот Г.Ј. побарале и примиле поткуп за да не извршат службено дејствие кое биле должни да го извршат, односно за да не изготват прекршочен платен налог за констатиран сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.

Против полициските службеници е покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното место до завршување на постапката.

Би можело да ве интересира

Кривична за тројца полицајци – дозволиле да застари дисциплинската против колега осомничен за кражба на културно наследство

Само дисциплински за полицајците од Тетово, осомничени за три кривични дела

(ВИДЕО) Во Германија: Вооружена жена се забарикадира во болница

Горан Наумовски

ВИДЕО: Полицајци тепале обезбедување на казино

Орце Костов

Малолетник од Крива Паланка нападнал полицајци

Горан Наумовски

Во Скопје возач удрил полицаец, го стартувал возилото и избегал