Кривична за директорот на кочанска гимназија: Без тендер дал под закуп простор во училиштето

Од:

Кочанската полиција поднесе кривична пријава за вршителот на должност диркетор на средното училиште „Ѓошо Викентиев“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик информира МВР.

– Пријавениот, вршител на должноста директор на Средно општинско училиште „Ѓошо Викентиев“ во Кочани, со отпочнување на учебната 2022/2023 година дал под закуп деловен простор, сопственост на училиштето, на правно лице од Кочани, без да спроведе посебна постапка за закуп на недвижни ствари со електронско јавно наддавање и без да склучи Договор за закуп на деловен простор. Имено, пријавениот бил должен да формира комисија за располагање со недвижни и движни ствари на училиштето, која ќе ја спроведе постапката за електронско јавно наддавање за давање под закуп на деловен простор и да склучи Договор за закуп на деловен простор со најповолен понудувач, односно учесник на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за месечната закупнина. Но, пријавениот ја искористил својата службена положба и овластување и сам го избрал правното лице на кое му го дал деловниот простор под закуп. На тој начин пријавениот го оштетил буџетот на училиштето, а на правното лице му овозможил бесправно да стопанисува со бифето и да се стекне со поголема имотна корист. Со наведените дејствија пријавениот постапил спротивно на член 24 став 3 и 4, член 37 и 39 од Закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост ( “Службен весник на Република Македонија“ број 78/15, 106/15, 153/15, 196/16, 21/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија“ број 101/19, 275/19 и 122/2021) со што сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 4 в.в. став 1 од Кривичниот законик се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Две службенички од Основниот суд Куманово осомничени за злоупотреба на лични податоци и несовесно работење

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Кривична пријава за пет лица поради нелегална сеча и транспорт на дрва

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Поранешна директорка на битолската Клиничка болница осомничена за злоупотреба

Кривична за велешанка – си зема 212.000 денари од касата на фирмата каде работеше

А1он