Кривична за девојката што испиша графит на куќата на Христо Узунов

Од:

Охридската полиција после спроведени консултации и насоки со Јавниот обвинител, поднесе кривична пријава против стружанката што испиша недоличен графит врз спомен-куќата на револуционерот Христо Узунов во Охрид.

Како што соопшти портпаролот Стефан Димоски, кривичната пријава против Ј.М. (24) од Струга била покрената поради сторено казнено дело „оштетување туѓи предмети“.

Пријавената на 30 април извршила оштетување на спомен-куќата на македонскиот револуционер Христо Узунов лоцирана на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, инаку објект заштитен со закон како македонско културно наследство и културно-историски споменик. Настанот се случил околу 01 часот, кога пријавената без повод и причина, со спреј испишала недоличен и навредлив графит, по што се обидела да избега од местото. Испишувањето го забележал овластен работник за обезбедување кој ја повикал пријавената во службените простории.

– СВР Охрид, во консултација и насоки од Јавниот обвинител, ги презеде сите мерки за целосно документирање и расветлување на казнено правниот настан. Извршен е разговор со пријавената, а на лице место спроведен е криминалистичко-технички увид, одземање на спрејот со кој е извршено оштетувањето на спомен-куќата, а потоа и вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, појасни портпаролот Димоски.

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите