Кривична за болничар за поткуп за операција

Од:

Кривична пријава за поткуп од 300 евра заработил болничар од Градската болница, кој парите ги побарал за ургенција во листата за чекање за оперативен зафат.

Од МВР информираат дека полицијата поднесе кривична пријава против К.С. (64) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“. Пријавениот во својство на болничар, вработен во ГОБ „8-ми Септември“, со намера да се стекне со противправна имотна корист, од пациент директно побарал и примил поткуп во износ од 300 евра. Пријавениот на 25 мај 2017 година од 66-годишен пациент од Прилеп директно побарал 300 евра за да го стави прв на листата за чекање за оперативен зафат, а наредниот ден и ги зел парите со образложение дека истите се награда за лекарот кој требало да го изврши оперативниот зафат. Синот на оштетениот истиот ден го пријавил кривичното дело во Единицата за економски и компјутерски криминал, каде со потврда за привремено одземени предмети, му се одземени шест банкноти во апоени од по 50 евра кои се криминалистичко-техничкки обработени и фотодокументирани по што, врз основа на наредба на Основното јавно обвинителство Скопје и наредба на Основен суд Скопје I-Скопје, превземени се мерки и дејствија за обезбедување на материјални докази.

На 26 мај 2017 година во угостителски објект е остварена средба помегу пријавениот и синот на оштетениот на која пријавениот ги примил парите, по што било извршено негово лишување од слобода.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он