ВИДЕО: Кривична против полицаец за трговија со дрога

Од:

Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(40) од Скопје, полициски службеник, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”.

Како што информира МВР, на 19-ти овој месец при извршен претрес во неговиот дом пронајдени се 125 грама марихуана, како и семки од канабис. По извршеното вештачење на биолошки материјал земен од Ј.Ј., констатирано е присуство на метаболит на хероин во организмот.

Од страна на судија на претходна постапка од Основен суд Скопје на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поведе дисциплинска постапка и Ј.Ј. ќе биде суспендиран од работното место до завршување на постапката.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват