Кривична против кумановец, менувал девизи без лиценца

Од:

СВР Куманово поднесе кривичнa пријавa против М.С. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“, извести МВР.

– На 18.03.2023 од полициски службеници од СВР Куманово бил затекнат пријавениот на плоштадот Маршал Тито додека на А.Ш.(53) од с.Липково, му вршел размена 50 евра, а при извршен преглед над пријавениот биле пронајдени 65.350 денари, 700 евра, 1.760 швајцарски франци, 30.000 српски динари, 162 американски долари, 2.732 бугарски левови кои ги користел за наплата и исплата во ефективни странски пари и обратно, со намера за себе да се стекне со противправна имотна корист, без притоа да има регистрирано правно лице или соодветна лиценца од НБРСМ, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби