Кривична пријава за жител од Лабуништа за издавање одобренија за сеча во приватни шуми

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 49-годишниот А.К. од струшкото село Лабуништа.

Пријавениот, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, во текот на минатата година, во својство на службено лице-лиценциран работник за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, незаконски  издал 22 одобренија за сеча на приватна шума, без комплетна документација и одобрил сеча на 1.470 метри кубни дрвна маса.

– Постапил спротивно на правилникот за видот и евиденција на сеча и ги издал одобренијата за сеча на повеќе локалитети во струшко, иако странките не го доставиле потребниот геодетски елаборат, туку приложиле скица од теренско мерење и технички извештај. Пријавениот А.К. овозможил противзаконска сеча на 387 метри кубни дрва во корист на барателите, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 97.524 денари, изјави Димоски.

Во два предмети, додаде, пријавениот издал испратници за поголема количина дрва од претходно одобрената со што им овозможил на барателите за сеча да се стекнат со противправна имотна корист од 109.125 денари.

– Во осум други предмети, пријавениот А.К. потполнил и издал испратници за транспорт на пресечените дрва, кои приватните лица ги пренесле до крајната дестинација, неуплатувајќи ги потребните парични средства, законски предвидени во Законот за шуми, со што бил оштетен буџетот на Република Македонија во износ од 164.612 денари, рече Димоски.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари