Кривична пријава за жител на село Дебреше за тешки кражби и обид за тешки кражби

Од:

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Џ.И. (24) од с. Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени 13 кривични дела „тешка кражба“ и седум кривични дела „тешка кражба во обид“.

Во периодот од мај 2017 година до јануари 2018 година на подрачјето на Тетово, пријавениот со употреба на физичка сила и погоден предмет, влегувал во спортски обложувалници, маркети, продавници, аптеки, сендвичари, менувачница, осигурителни компании и џамија, каде што одземал пари, цигари, метален сеф и пиштол. На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 295.000 денари.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар