Кривична пријава за земјоделец од Велес за фалсификување исправа за добивање субвенции

Од:

СВР Велес до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 65 годишниот велешанец Б.М. поради основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

Како што информира на денешната прес-конференција Ненко Александров, портпарол на СВР Велес, пријавениот подолго време се занимавал со земјоделство и обработувал негова земја. Со одлуката на Владата на Македонија за доделување субвенции за подршка во земјоделството, а со можност да прибави дополнителни средства, во 2008 пријавениот склучил оригинални договори со единаесет лица да му отстапат 25 хектари земјоделско земјиште.

Б.М. ја преправил содржината и наместо закуп за една година внел период од пет години, а вториот дел од догоорот, заверен со печат и потпис го оставил непроменет. Таквите договори ги презентирал во подрачната единица на Министертството за земјоделство во Велес за добивање субвенции. Од таму по одобрување на поднесените барања му биле исплатени вкупни 453.810 денари за 2008, 2009, 2010 и 2011 за субвенции во земјоделството. Б.М. за оваа сума го оштетил буџетот на Македонија, се наведува во кривичната пријава против него.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он