Кривична пријава за затворскиот полицаец кој пушти да избега осуденик од Идризово

Од:

МВР поднесе кривична пријава против 45-годишниот вработен во затворската полиција kој му озвоможи на затвореник да побегне од Идризово.

– Имено, И.П. во својство на службено лице-затворски полицаец при КПУ-КПД Идризово Скопје, на 18.05.2023, додека бил на смена, на барање на Д.К. од Куманово, осуден за издржување казна затвор до 2027 година за сторени кривични дела по чл.237 ст.1 и чл.396 ст.1 од Кривичниот законик, со затворен третман, му ја отворил вратата кон Отвореното одделение, овозможувајќи му истиот да избега од КПУ Идризово. Со вака преземените дејствија И.П. постапил спротивно на процедурите, надлежностите и работните задачи и обврски за обезбедување, со што сторил кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, по чл. 373 од Кривичниот законик, објаснуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски

Пијан скопјанец со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајка

Пари од прометот на Комуналното претпријате Сарај украдени од бирото на директорот

ВИДЕО: Приведени шестмина од скандалозното видео со пукање во гостиварско

Приведен 50-годишник, силувал девојка со здравствени проблеми

Катерина Ѓуровски

Пијани Србинки се истепале во Охрид