А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за велешкиот градоначалник Славчо Чадиев

by А1он11/09/2017 - 14:22287
Share0

СВР Велес поднесе кривична пријава против Славчо Чадиев, (58) актуелен градоначалник на Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ кое го сторил додека бил претседател на Совет на општина Велес на тој начин што го прекршил Деловникот за работа на општината 62. седница одржана на 11 јуни 2012.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тој, како што соопшти МВР, претходно симнатата точка 6 од Дневниот ред, поднесена од градоначалникот на општина Чашка – „Предлог-Одлука за пренесување на правото на сопственост на недвижен имот од општина Велес на општина Чашка“, побарал по итна постапка повторно да биде вратена на Дневниот ред без да ја образложи итноста, иако му било укажано за прекршување на член 61 став 4 од Деловникот за работа на Советот .

– Општина Велес била сопственик на недвижен имот – Синдикално одморалиште во село Горно Врановци, кое било градено со средства на поранешните претпријатија кои работеле на подрачјето на општина Велес, а е евидентиран во имотен лист за катастарска општина Горно Врановци. Во 2004 година, од страна на Комисијата за приватизација на Република Македонија било донесено решение за преземање на деловно средство, по што објектот бил превземен од Комисијата и доделен на стопанисување на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија. По судска постапка помеѓу општина Велес и наведеното јавно претпријатие, на 15 јуни 2012 година имотот се запишува повторно во сопственост на општина Велес. По само една недела од донесувањето на одлука, од страна на општина Чашка до општина Велес било поднесено Барање за донесување одлука за пренесување на правото на сопственост на недвижен имот од општина Велес на општина Чашка, односно општина Чашка го побарала синдикалното одморалиште поради работи од јавен интерес од локално значење, но со економски фактор, појаснуваат од МВР.

По доставени две ургенции од страна на општина Чашка за наведеното Барање, од страна на претседателот на Советот на општина Велес било ставено на Дневен ред на 62-та седница на Советот закажана за 11 јули 2012 година и заведена под точка 6, по што 22 члена на советот присутни на седницата, со гласање ја симнале точката од дневниот ред.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Спротивно на Деловникот за работа на Советот на општина Велес , претседателот С.Ч. веднаш предложил по итна постапка поставување на дневен ред нова точка – Предлог-одлука за пренесување на правото на сопственост на недвижен имот од општина Велес на општина Чашка. Притоа, од страна на членови на Советот на претседателот му укажале за свесно кршење на Деловникот. Занемерувајќи го мислењето на одредени членови и наведувајќи дека не се работи за истата точка затоа што сега предлагачот бил друг, тој дозволил расправа по таа точка, а подоцна и донесување на Одлука по неа. Одлуката во Службен весник на Република Македонија била објавена на 16 јули 2012 година, се наведува во сооштението од МВР.

По донесената одлука за пренесување на правото на сопственост на синдикалното одморалиште Горно Врановци од Општина Велес на Општина Чашка, општина Чашка веднаш го огласиле за продажба со почетна цена 29.745.155 денари.

cadievmvrveles

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он28/08/2026 - 18:23

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 09:38

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он23/08/2026 - 13:3923/08/2026 - 13:26

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он21/08/2026 - 16:37

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски21/08/2026 - 11:1621/08/2026 - 11:17

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 18:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео