Кривична пријава за велешанец за злоупотреба на службена положба и фалсификување исправа

Од:

Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство денеска поднесе кривична пријавапротив лицето М.А. (37) од Велес – овластено лице на фирмата „Сердар Капидан“ ДООЕЛ поради основано сомнение за кривично дело „злоупотреба на службена положба“ и „фалсификување исправа“.

Како што информира Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, пријавениот М.А., искористувајќи ја својата службена положба како книговодител на фирмата „Блатон“ од Велес, со намера да се стекне со противправна имотна корист во пет наврата го фалсификувал потписот од овластеното лице на „Блатон“.

При тоа од сметката на фирмата со фалсификувани документи префрлил пари на две различни сметки во износ од 63.560 денари.

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи