Кривична пријава за велешанец осомничен за силување

Од:

Секторот за внатрешни работи –  Велес до Основното јавно обвинителство во  Велес поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(1977) од Велес  поради основано сомнение дека извршил кривично дело – „силување“ .

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на почетокот на март годинава, Д.Ѓ., употребувајќи лажен профил на социјалната мрежа „фејсбук“, на приватниот профил на „фејсбук“ на оштетената и пратил нејзини фотографии со интимна содржина притоа порачувајќи и дека има уште една таква слика со иста содржина.  Потоа, Д.Ѓ. и рекол да дојде на улицата „Лазо Трпковски“ во Велес уценувајќи ја дека мора да има интимни односи со него, оти во спротивно фотографиите што ги поседувал ќе ги објави во јавност.

Наредниот ден оштетената се упатила на посочената улица каде што ја пречекал пријавениот кого го познавала од порано. И рекол да влезе во куќата. Откако влегле внатре пријавениот и ги покажал фотографиите кои не и ги дал веднаш и ја повикал во другата соба каде и рекол да се соблече на што оштетената одбила. Тој повторно и се заканил по што оштетната била принудена да има интимни односи со него.

Откако имале сексуален однос пријавениот и ги дал двете фотографии притоа нагласувајќи и дека не смее на никого да каже по што ја испратил и таа си заминала. Но, пријавениот и натаму продолжил да ја вознемирува оштетената што на почетокот на месецов, поточно на 8 мај и напишал порака на фејсбук дека мора повторно да се видат и да имаат односи за време на викендот бидејќи кај него имало уште една, последна фотографија со интимна содржина која во спротивно ќе ја објавел или ќе ја продадел за пари. По пријавувањето на случајот Д.Ѓ. е приведен.

Би можело да ве интересира

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Татко ја силувал малолетната ќерка во Скопје

А1он

23-годишен битолчанец нападнал и се обидел да силува две девојки

Силувал 20-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница

А1он

18-годишно момче од Скопје силувало 20-годишна девојка

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски