Кривична пријава за управителот на прилепски „Терминал комуналец“ кој отиде да работи во Хрватска како келнер

Од:

Управителот на прилепски Терминал комуналец за кој беше објавено дека заминал да работи како келнер во Хрватска доби кривична пријава за „несовесно работење во службата“ информираше Министерството за внатрешни работи.

– Пријавениот, во својство на управител на правен субјект од Прилеп, ги повредил одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор на правното лице, со тоа што до 01.09.2022 година имал склучено договор за работа во Р.Хрватска, а истовремено не го имал прекинато работниот однос во јавно претпријатие од областа на комунална дејност од Прилеп, со што се стекнал со противправна имотна корист се наведува во соопштението од МВР.

Случајот за Мартин Ачкоски го објави прилепскиот огранок на СДСМ на почетокот на септември. Директорот на Комуналец- Прилеп, Абашоски информираше дека Ачкоски бил разрешенна крајот на август кога во фирмата добиле информација дека работи ов Хрватска.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари