А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за управителката на ТА „Сторија Травел“ од Прилеп

by А1он13/09/2016 - 12:5277
Share0

Полициската станица „Прилеп“ поднесе кривична пријава против Ј.Ч. (29) од Прилеп – управител на туристичката агенција „Сторија Травел“ дооел Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „измама“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. Ј.Ч е осомничена дека се стекнала со противправна имотна корист од 1.613.446 денари.

Следете a1on на Instagram Instagram

Кривична пријава е поднесена и против правното лице „Сторија Травел“ за кривични дела „измама“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР), Ј.Ч. до 4 август лани како управител на пријавеното лице работела под називот „Вијаџо“ со седиште во Прилеп. Од тој датум извршила промена на седиштето во Скопје, а тоа во Прилеп го регистрирала како подружница на оваа фирма. На 3 септември лани со решение од Основен суд Скопје-2 воведена е општа забрана за располагање на имотот на должникот и исплати од сметката, а на 22 септември е отворена стечајна постапка над  „Вијаџо“ дооел.

Во текот на постапката за стечај требало да биде назначен нов стечаен управник  да врши надзор и контрола над спроведувањето на планот за реорганизација на правниот субјект „Вијаџо“ дооел-во стечај Скопје, за што видно од историјатот за промени била извршена и промена на седиштето и називот на фирмата, а овој субјект во правниот промет евидира како „Сторија Травел“ ДООЕЛ Прилеп, при што како управител со неограничени овластувања е запишана пријавената.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Против тоа правно лице во текот на 2012 година е поднесена кривична пријава за измама на голем број граѓани, а во такво својство во текот на годинава почнала со вршење услуги на туристички агенции лажно прикажувајќи дека е овластена да продава промотивни авио билети по цени далеку поевтини од реалните без да ги поседува потребните дозволи и сертификати. За тоа граѓаните и плаќале лично преку услугата „брз трансфер на пари“ и тоа во времето кога се водела стечајната постапка, а исто така и за целокупното работење пријавената не водела никаква книговодствена евиденција ниту прикажувала и плаќала ДДВ. На ваков начин пријавената оштетила 15 субјекти од кои едно правно лице стекнувајќи се со противправна имотна корист од 1.613.446 денари, се вели во соопштението.

mvr

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он28/08/2026 - 18:23

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 09:38

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он23/08/2026 - 13:3923/08/2026 - 13:26

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он21/08/2026 - 16:37

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски21/08/2026 - 11:1621/08/2026 - 11:17

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 18:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео