Кривична пријава за тројца скопјани за „противправно лишување од слобода”

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ќе биде поднесена кривична пријава против скопјаните Д.Д.(34), В.С.(41) и А.К.(37) осомничени за кривично дело „противправно лишување од слобода”, откако е добиена пријава од Ј.Р.(25) од Скопје.

Против трите лица се поднесени и прекршочни пријави за физички напад од Закон за прекршоците против јавниот ред и мир.

Како што информира МВР, на 15 април околу 2 часот по полноќ на крстосницата на од улиците „Народен фронт” и „Франклин Рузвелт”   осомничените  физички нападнале пет лица на возраст од 19 до 25 години, задавајќи им повреди  по главата и телото.

Откако четворица од нападнатите успеале да избегаат, осомничените го фатиле оштетениот Ј.Р., го внеле во патничко моторно возило „форд” со скопски таблички. Во возилото тој  повторно бил малтретиран и по возењето одредено време, осомничените го оставиле на ул.„Елисије Поповски Марко”. Оштетениот го пријавил настанот во Полициската станица Центар. 

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена