А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за тројца скопјани за „противправно лишување од слобода“

by А1он16/10/2014 - 12:43145
Share0

СВР Скопје-Единица за насилен криминал, до надлежното Основно Јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против лицата А.А. (22), Н.Љ. (23) и Ж.Љ. (26) сите од Скопје, осомничени дека на 12-ти овој месец сториле кривично дело „противправно лишување од слобода“.

Добивај вести на вибер

По наредба судија на сите пријавени им се одземени патните исправи и им е наложено задолжително еднаш во неделата да се пријавуваат во надлежен Суд.

МВР денеска соопшти дека кривичното дело пријавените А.А. и браќата Н.Љ. и Ж.Љ. го извршиле во вечерните часови на 12.10. противправно лишувајќи го од слобода лице од Скопје и држејќи го 13 часови во стан во центарот на градот, при што свирепо физички и психички го малтретирале. Според дадените изјави на пријавените во полициска станица, причината за кривичното дело е тоа што оштетениот за паричен надомест им понудил да им издаде стан под закуп во ценарот на градот, што не бил негова сопственост, туку му бил даден за одржување од страна на негова пријателка. Пријавените сметале дека се измамени од оштетениот и телефонски го повикале да дојде во станот за да се договорат околу закупот на станот и да ги потпишат документите.

Кога оштетениот пристигнал во станот веднаш бил физички нападнат од А.А., по што бил врзан и 13 часа пријавените го држеле затворен во станот и при тоа за цело време на свиреп начин физички го малтретирале, нанесувајќи му повеќе телесни повреди по телото, изгореници со цигари, го терале да пие вода во која растварале некоја прашкаста материја и му задавале електро шокови со батериска направа. Цело време додека траело изживувањето, стои во соопштението, тие го снимале со мобилни телефони, барајќи од него да признае дека ги измамил и да не го пријавува случајот во полиција, туку да каже дека го тепале непознати лица. По тринаесетчасовното свирепо малтретирање, пријавените му ја истрижиле косата на главата и со возило го однеле и го оставиле на улица во ценарот на градот од каде оштетениот успеал со такси возило да стигне до ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување.

Веднаш по дознавање за кривично правниот настан, А.А. и браќата Н.Љ. и Ж.Љ. од страна на полициски службеници на Единицата за прв одговор и интервенција АЛФА се лишени од слобода и во изјавите дадени во полициска станица во целост го објасниле начинот на кој го сториле делото.

mvr

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он19/12/2025 - 15:3819/12/2025 - 15:39

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:14

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 20:00

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он03/12/2025 - 16:48

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 10:19

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Предраг Петровиќ23/11/2025 - 13:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен