Кривична пријава за три лица за спроведена јавна набавка во Охридската болница

Од:

СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Л.(50) од Струга, шеф на отсек за комерција и јавни набавки во Општата болница Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против М.К.(59) од Охрид, помошник директор за економски работи и против Љ.А.(60) од Охрид, поранешен в.д. директор во Општа болница Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Како што соопшти МВР, во годишниот план за јавна набавка за 2015 година во Општата болница за набавка на канцелариски материјали биле одобрени 1,8 милиони денари, додека О.Л. изготвила одлука за два милиони денари.

– По спроведената јавна набавка биле потрошени, 2.186.346 денари, односно 386.346 денари повеќе од предвидената сума, а второ и трето пријавените дозволиле тие да бидат исплатени, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки