Кривична пријава за три лица за инциднетот во Кондово

Од:

СВР Скопје до надлежното Основно Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против три лица Ќ.Н.(34), Ќ.Н.(34) и Ј.Ј.(33) сите од село Кондово, осомничени дека на 24.10.2014 година во Кондово сториле кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ и „предизвикување општа опасност“.

Двајцата браќа кои се првоосомничени, сториле кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, а Ј.Ј. сторил кривично дело  „предизвикување општа опасност“.

Како што денеска соопшти МВР, имало претходно меѓусебно нетрпение помеѓу браќата од двете семејства, кое резултирало со меѓусебна престрелка, при што тешки телесни повреди се здобиле  Јакупи, а  браќата Незири се здобиле со телесни повреди.

Имено, на 24-10-2014 година околу 17:00 часот во село Кондово, поточно пред чајџилницата „Њу лајф“, со возило пристигнале браќата Незири, влегле во чајџилницата, каде биле браќата со кои и претходно имале расправии, по што ги повикале надвор за да ги расчистат меѓусебните недоразбирања. Кога излегле надвор меѓу нив веднаш почнала вербална расправија, а во еден момент сите извадиле пиштоли, испукувајќи повеќе проектили едни кон други. Од испуканите проектили браќата Ј.Ј. и З.Ј. се здобиле со тешки телесни поведи и со приватно возило се пренесени во ГОБ „8-МИ Септември“, а браќата Ќ.Н. и Ќ.Н. се упатиле во непознат правец,  додека еден вработен во чајџилницата, кој се обидувал да ги смири, се здобил со телесни повреди и истиот со приватно возило е  пренесен во ГОБ „8-МИ Септември“.

Во ГОБ „8-МИ Септември“, кај Ј.Ј. е констатирана една огнострелна рана во стомакот, а кај З.Ј. се констатирани три огнострелни рани во пределот на главата, стомакот и бутот и тие се задржани за понатамошно лекување. Браќата Незири пак, сами побарале помош во Клинички центар, каде по укажаната помош се пуштени на домашно лекување. Кај вработениот во чајџилницата е констатирана прострелна рана во пределот на бутот и по укажаната медицинска помош е пуштен на домашно лекување.

Ј.Ј. и Ќ.Н. се припадници на АРМ, додека Ќ.Н. е вработен во МВР на Република Македонија и сите поседуваат дозвола за оружје. Ќ.Н. во престрелката го употребил службениот пиштол, иако во моментот не извршувал службени должности и задолженија, за што е информиран и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди кој отвори истрага за случајот.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он