Кривична пријава за тетовец осомничен за девет тешки кражби

Од:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тетовец осомничен за сторени девет кривични дела „тешка кражба“ и против едно лице од Тетово, едно лице од село Арачиново, едно лице од Скопје и едно лице од село Шемшово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање”.

Во периодот од 01.06.2019 до 27.07.2019 во авто школи, колонијални продавници, канцеларии и патнички возила, соопшти денеска МВР, пријавениот извршил девет тешки кражби, при што одземал разни предмети.

– После тоа, одземените предмети ги продавал на второ, трето, четврто и петтопријавениот, кои знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело. Со ова пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 449.100 денари, се појаснува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Крим техничар од гостиварската полиција призна дека украл запленети пари и злато

Катерина Ѓуровски

Маж од радовишко силувал 77-годишна жена

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

40-годишник од стумичко починал на паркинг во Скопје

Катерина Ѓуровски