А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за татко и син од кумановско Табановце за одгледување канабис

by А1он15/09/2015 - 13:18114
Share0

Татко и син од кумановско Табановце одгледувале растение канабис сатива, соопшти денеска кумановската полиција.

Следете a1on на Instagram Instagram

Полицијата по издадена наредба од Основниот суд Куманово во утринските часови извршила претрес на нивниот дом во село Табановце и открила и одзела 71 стебло од растението канабис сатива, околу четири килограми наркотична дрога марихуана, кутивче со семки од растението канабис сатива, воздушна пушка и куршум.

Полицијата одзела и други предмети како што се црево, туби и мотика кои 65-годишниот Љ.Ј. и неговиот син 30-годишниот Б.Ј. ги користеле за одгледување и одработување на растенијата.

По целосно расчитување и документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава против таткото и синот и ќе бидат спроведени до Основното јавно обвинителство во Куманово.

Следете a1on на Youtube YouTube

Портпаролот на СВР Куманово Валентина Николовска информираше дека Б.Ј и претходно и е познат на полицијата како сторител на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога за што му се поднесувани кривични пријави и има издржувано казна затвор, а на таткото Љ.Б., пак, му се поднесувани кривични пријави за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и за измама за што има издржувано казна затвор.

drogamvr

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он15/11/2026 - 18:1515/11/2026 - 19:37

Поранешен министер за култура уапсен во Приштина поради трговија со дрога

А1он15/11/2026 - 16:11

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

Предраг Петровиќ13/11/2026 - 15:23

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он12/11/2026 - 20:3512/11/2026 - 20:35

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Горан Наумовски11/11/2026 - 15:47

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 13:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео