Кривична пријава за стружанецот што повреди пет лица на свадба

Од:

Струшката полиција поднесе кривична пријава против лицето Н.В. (52) од село Џепин поради сомневање дека сторил казнено дело „Предизвикување општа опасност“ и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

СВР Охрид соопшти дека на трети овој месец околу 14 часот и 30 минути, пријавениот на свадбената веселба испукал повеќе куршуми од пиштол, што го поседувал без дозвола.

– Неколку куршуми завршиле во бетонската плоча од неговата куќа по што биле повредени пет лица, кои присуствувале на свадбената веселба, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Со повреди во пределот на челото се здобил А.Д. (46) од селото Ливада,  додека М.В. (19) од селото Џепин се здобила со влезно-излезна рана на задниот дел од десната нога. Кај  В.В. се нанесени повреди во мускулниот дел од десната потколеница, а други две лица се здобиле со гребнатини по телото. Предизвиканите повреди  се констатирани од доктор-хирург при општата болница во Струга.

Огненото оружје кое Н.В. нелегално го поседувал и со кое се предизвикани повредите е пронајдено од полициските службеници, одземено е и испратено на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп