Кривична пријава за стружанец за тешки кражби

Од:

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.М.(30) од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, првата тешка кражба пријавениот ја извршил на 29-ти минатиот месец во 21 часот и 30 минути, кога со својот патнички автомобил „Ауди“ со струшки регистарски ознаки стигнал во населбата Езерски лозја.

– Тој успеал да се искачи на балконот од првиот кат на една куќа и со подесен предмет и физичка сила ја отворил балконската врата, по што влегол внатре. Откако извршил пребарување низ собите, пријавениот пронашол и бесправно одзел еден машки рачен часовник марка „Ролекс“ и поголема количина златни прстени и други златни предмети, рече Димоски.

На втори овој месец, околу 18 часот, пријавениот С.М. со својот автомобил се упатил кон селото Мислешево и се паркирал во близина на една куќа.

– Тука ја прескокнал жичаната ограда од задната страна на куќата и со подесен тврд предмет, насилно ја отворил вратата. Во куќата, С.М извршил брзо пребарување по што од спалната соба одзел златни белегзии, еден паричник, парфеми и други поситни предмети, рече Димоски.

Од извршените кривични дела и бесправно одземените златни и други предмети, пријавениот С.М. предизвикал материјална штета и се стекнал со противправна имотна корист од над 60.000 денари. При извршен преглед во неговиот патнички автомобил, полициските службеници пронашле и одзеле дел од бесправно одземениот златен накит.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски