Сопственик на објект за видео-игри во Куманово ќе добие кривична пријава, поради непочитување на пропишаното работно време согласно здравствените протоколи за спречување на ширење на коронавирусот Ковид-19, информира МВР.
– Денеска во 00.16 часот во СВР Куманово било пријавено дека во објект за видео игри на улица „Гоце Делчев“ има група граѓани кои не ги почитувале здравствените прописи за време на епидемија. Полициските службеници извршиле контрола и било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време, а во објектот биле затекнати 15 лица и еден вработен, соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот, против сопственикот на објектот ќе биде поднесена соодветна пријава, се посочува во соопштението.