Кривична пријава за скопјанец за „тешка кражба во стан“

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.З. (35) од Скопје поради основано сомнение дека  извршил кривично дело „тешка кражба во стан“, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.

Пријавениот делото го извршил на тој начин што од 20.35 до 23.45 часот на 30 јуни годинава отишол на улицата „Војдан Чернодрински“, до станот сопственост на М.И., каде насилно, со употреба на погоден предмет или алат преку влезната врата влегол во станот. Извршил претурање и пребарување по мебелот во претсобјето, дневната, спалната и детската соба при што од фиоките од наткасните во спалната соба пронашол и украл три машки и три женски  рачни часовници, како и поголема количина на разновиден златен накит.

Од страна на Единицата за истрага на местото на настан и вештачење при СВР-Скопје извршен е увид, при што биле пронајдени и фиксирани траги од  отпечатоци од папиларни линии за што бил сочинет Записник за увид, како и фотодокументација.

Од страна на Одделот за криминалистичка техника при МВР извршена е споредбена  анализа на пронајдените траги од папиларни линии, при што со сигурност е утврдено дека потекнуваат од А.З.

По наредба на Истражен судија од Основниот суд Скопје I извршен е претрес во домот и другите простории кај пријавениот, при што е пронајден накит, кој со потврди за привремено одземени предмети е одземен. 

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он