Кривична пријава за скопјанец за разбојништво во аптека

Од:

Секторот за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против лицето М.Ч (39) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“, предвидено и казниво согласно чл.237 од КЗ на Република Македонија, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 25.000 денари.

Според МВР, пријавениот кривичното дело го извршил на 26-ти минатиот месец, околу 18:55 часот, во аптека лоцирана на булеварот „Кочо Рацин“ на тој начин што влегол во објектот и со закана со нож кон вработената и ги побарал парите. Таа се спротиставила, меѓутоа М.Ч. ја истуркал од работниот пулт, ја отворил фиоката каде што стоеле парите од дневниот промет и ги одзел парите. Потоа трчајќи излегол од аптеката во правец кон автобуската постојка наспроти Градска општа болница Св.Наум Охридски, каде што се качил во такси возило.

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници лицето е приведено во полициска станица, каде е извршен разговор во кој пријавениот во целост го признал и опишал начинот на извршување на кривичното дело.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби