А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за скопјанец за разбојништво

by А1он17/01/2016 - 10:39112
Share0

Секторот за внатрешни работи-Скопје поднесе кривична пријава против Х.С.(38) од Скопје поради основано сомнение дека извршил четири кривични дела, две кривични дела „разбојништва“ и две кривични дела „разбојништва во обид“.

Добивај вести на вибер

Како што информира денеска МВР, кривичните дела пријавениот ги извршил во временскиот период од 10 до 11 овој месец, две на подрачје на Центар и две на подрачје на Бит-пазар, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 26.280 денари.

Првото кривично дело го извршил на 10 јануари годинава околу 18.30 часот на булеварот „Партизански одреди“, поточно во ТЦ Буњаковец во аптека. Пријавениот откако влегол во аптеката, со шприц кој го носел во рака, и се заканил на оштетената дека ќе го употреби и оти ќе ја зарази со сида ако не му даде пари. Вработената исплашена за својот живот, му кажала дека парите се во каса, а Х.С. ја отворил касата ги одзел парите и таблети вијагра и го напуштил местото на настанот.

Останатите три кривични дела ги извршил на 11 овој месец од 15 до 18 часот. Откако влегол во бутик со огнено оружје–пиштол и се заканил на продавачката, по што дошол зад работното биро, ги отворил фиоките и без ништо да одземе го напуштил местото на настанот. Потоа се упатил на улица „1737“, поточно во биро за судски преводи и откако влегол со огнено оружје–пиштол му се заканил на сопственикот и неговата сопруга, по што од работното биро одзел мобилни телефони и ташна и го напуштил местото на настанот.

Четвртото кривично дело „разбојништво во обид“ го извршил околу 18.45 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ во продавница за текстил. Откако влегол во продавницата, со закана со огнено оружје -пиштол и се заканил на оштетената, по што таа излегла надвор и почнала да вика за помош, а пријавениот без ништо да одземе го напуштил местото на настанот. Непосредно по извршувањето на ова кривично дело, откако оштетената побарала помош, две лица кои се наоѓале во непосредна близина го забележале Х.С. и се упатиле кон него, а истовремено случајот го пријавиле во полиција .

Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот, а откако го забележале Х.С. во возило, го легитимирале. Потоа извршиле преглед и кај него бил пронајден пластичен пиштол–запалка и шал, кои ги користел при извршување на кривичните дела, како и други предмети кои потекнуваат од кривичните дела кои ги извршил истиот ден, по што бил приведен во ПС ОН Бит-пазар.

Во просториите на полициската станица од страна на оштетените било извршено препознавање на лице, при што сите оштетени го препознале пријавениот како сторител на кривичните дела.

Х.С. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти („кражби, „тешки кражби“ и „разбојништва“), за што од страна на СВР Скопје му биле поднесени 13 кривични пријави. Х.С. во времето кога ги извршил овие кривични дела бил пуштен на викенд од затвор од Штип, каде издржувал казна.

krazba

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Горан Наумовски25/06/2025 - 15:28

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он23/06/2025 - 16:08

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Горан Наумовски29/05/2025 - 13:46

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Предраг Петровиќ20/04/2025 - 11:50

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Горан Наумовски24/03/2025 - 20:04

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница

Катерина Ѓуровски24/03/2025 - 09:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен