Кривична пријава за скопјанец за разбојништво

Од:

СВР-Скопје, со кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство-Скопје го предаде А.А. викан „Гринго“ (34) од Скопје, поради постоење на основано сомневање декасторил две кривични дела „разбојништво“.

МВР соопшти дека лицето во два наврати, прво на 29 минатиот месец, а потоа и на 11 овој месец извршил две разбојништва во клуб за игри на среќа, стекнувајќи се со протиправна имотна корист од околу 472.360 денари. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

А.А., според полицијата, е познат сторител на имотни деликти и деликти проследени со насилство, за што досега му се поднесени 22 кривични пријава, од кои 17 се однесуваат на дела проследени со насилство. За сторените кривични дела, пријавенит само еднаш, во 2008 година е условно осуден за кривично дело „тешка телесна повреда“.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он