Кривична пријава за скопјанец за кражби во „Пелагонија“

Од:

Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава  против  М.Х. (44)  од Скопје  поради постоење основано сомнение дека извршил 10 кривични дела на подрачјето на град Скопје.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, пријавениот од  почетокот на февруари до средината на јуни годинава извршил едно кривично дело – “тешка кражба“, една кривично дело –“тешка кражба во обид“, како и осум кривични дела – “кражба“, при што се стекнал со против правна имотна корист од 238.000 денари.

М.Х. сите десет кривични дела ги извршил во домот за студенти ДСУ – “Пелагонија“ лоциран на ул: „Божидар Аџија“ во Скопје, на тој начин што откако ќе дошол до студентскиот дом „Пелагонија“ и откако ќе се уверел дека нема да биде забележан од никого, низ влезната врата влегувал во домот се упатувал на спрат каде што имал намера да краде, и во осумте случаи на кражби, низ незаклучените врати влегувал во собите и одзимал претежно паричници со пари и документи, мобилни телефони и лап-топ компјутери. Пријавениот паричниците со документи ги фрлал во контејнери парите ги трошел за свои лични потреби, а лап-топ компјутерите и мобилните телефони ги продавал на непознати лица во населбата Кисела Вода.

Тешката кражба ја извршил во студентскиот дом Пелагонија, со кршење на бравата во собата. Откако влегол внатре украл паричник со документи, пари и мобилен телефон. Тешката кражба во обид, пријавениот сакал да ја изврши исто така во домот и тоа овој пат на влезната врата од студентската соба делувал помеѓу касата и крилото, а откако еден од студентите кои спиеле од тропањето се разбудил и станал пријавениот се откажал од намерата и сакал да го напушти домот, но бил забележан  од страна на униформиран полициски службеник од СВР Скопје, и приведен за понатамошно постапување.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он