Кривична пријава за скопјанец за бесправно градење, узурпирал државно земјиште

Од:

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.А.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „бесправно градење“ и „узурпацијата на недвижности“.

Како што соопшти МВР, пријавениот, во текот на септември оваа година, узурпирал градежно земјиште во катастарска општина Бутел со површина од 4.746 метри квадратни, сопственост на Р.С.Македонија, и без да обезбеди Одобрение за градење, во својство на инвеститор, започнал и изведувал противправни градежни активности – градба од втора категорија, за која е потребно Одобрение за градење согласно член 57 став 2 од Законот за градење.

Исто така, додаваат од МВР, на две соседни катастарски парцели во катастарска општина Бутел, од кои едната 4.746 метри квадратни, а другата 1.672 метри квадратни, која што била приватна сопственост на друго физичко лице, започнал со изведување на противправни градежни активности, со што ги сторил кривичните дела.

Би можело да ве интересира

Заев: Ако не го вратиме законот во Собрание, веднаш ќе треба да почне рушењето на 50 илјади домови на граѓаните

Мери Јордановска

Собранието не знае, нема листа кои пратеници гласале за легализација на дивоградбите

Габриела Димковиќ-Мишевска

Николовски за дивоградбите: Не можеме 50.000 семејства да ги оставиме без покрив над глава

Жарко Настоски

Пендаровски не го потпиша законот за легализација на дивоградби: Тој е спротивен на Уставот

Кристијан Ландов

Заедно со Владата ќе го ослободиме охридскиот регион од дивоградби, вели градоначалникот Георгиески

Жарко Настоски

Пратениците кои гласаа против легализацијата на дивоградбите бараат од Пендаровски да не го потпише указот

Жарко Настоски