Кривична пријава за скопјанец поради прикажување порнографски материјал на девојче

Од:

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје против И.Ц. (18) од Скопје, поради основи на сомнение дека во временскиот период јули-август 2016 година користејќи ја социјалната мрежа „Фејсбук“, на 12-годишно девојче од Скопје во повеќе наврати и’ прикажал фотографии со порнографска содржина.

МВР соопшти дека за кривичното дело „прикажување порнографски материјал на дете“, предвидено и казниво по член 193, од страна на судија на претходна постапка на сега пријавениот му е одземена патната исправа, забрането му е да го напушта домот во кој живее и задолжително еднаш во неделата да се пријавува во надлежен суд.

Имено, И.Ц. на социјалната мрежа „Фејсбук“ креирал профил со лажни податоци и лажно име и на 28/07/2016 година испратил понуда за пријателство на 12-годишно девојче од Скопје, кое ја прифатило понудата и започнало електронска комуникација со пријавениот. Во комуникацијата И.Ц. и’ кажал дека има 16 години и дека учи во гимназија и дека профиот од кој и’ го испратил барањето за пријателство, ќе го исклучи, а ќе и’ прати барање за пријателство од нов профил, кој исто така бил со лажни податоци.

Откако, девојчето го прифатила пријатеството испратено од новиот профил на пријавениот, истиот и’ пуштил фотографија со порнографска содржина и побарал од девојчето да му пушти слика на која ќе биде сликана гола. По ова девојчето ја прекинало комуникацијата со И.Ц., при што истиот во уште два наврати и пуштил фотографии со порнографска содржина, за што девојчето му кажало на својот татко, кој случајот го пријавил во Единицата за економски и компјутерски криминал.

По пријавувањето на кривично правниот настан Единицата за економски и компјутерски криминал, презеде опсежни оперативно тактички мерки за утврдување на идентитет на лицето со Фејсбук-профили, при што е утврден пријавениот и истиот е лишен од слобода, а од домот му е одземен еден пренослив компјутер, еден десктоп компјутер и друга ИТ опрема кои се предадени на вештачење. Во извршениот разговор со И.Ц., тој изјавил дека одземената опрема од неговиот дом е користена само од него и ја потврдил елктронската комуникација со 12-годишното девојче, во која прикажувал материјали со порнографска содржина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка