Кривична пријава за скопјанец поради измама преку социјалните мрежи

Од:

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал вчера поднесе кривична пријава против Ф.М. од Скопје, за постоење основано сомнение дека пријавениот во повеќе наврати врз повеќе лица сторил кривично дело „измама“ по чл. 247 од Кривичниот законик.

Имено, како што соопшти МВР, преку социјалните мрежи пријавеното лице објавило огласи за продажба на апарати – бела техника, што не ги поседува и со измама ги довел во заблуда оштетените лица, стекнувајќи се со противправна имотна корист во вкупна вредност од 89.350 денари.

– Од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал беа преземени соодветни мерки и активности, како и претрес на домот на осомничениот и по обезбедувањето на доказите и целосното документирање на случајот до надлежното Основно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за стореното кривично дело „измама“ по чл. 247, извршено од Ф.М., се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Хакерска измама „тешка“ 44.222 евра во Свети Николе

Велешанец обвинет за измама, одзел 4.000 евра од жител на Неготино

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он

Кривична за Гоце Ѓорѓиевски од Крива Паланка – ги спречи службениците од АХВ да заловат крави

А1он

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски