А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за скопјанец осомничен за неовластено навлегување во компјутерски систем

by А1он03/08/2013 - 11:25160
Share0

Единицата за компјутерски криминал при Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното Јавно обвинителство Скопје на 01.08.2013 година поднесе кривична пријава против лицето Г. В.(43) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Добивај вести на вибер

Како што денеска соопшти МВР, пријавениот неовластено пристапил кон компјутерскиот систем за електронска пошта на македонски телекомуникацискиот оператор со кориснички налог што му бил доделен на друго физичко лице. При тоа неовластено ги превземал и избришал податоците кои се наоѓале во компјутерскиот систем.

Имено, лице од Скопје на кое му бил доделен кориснички налог од македонски телекомуникацискиот оператор за пристап кон компјутерскиот систем за електронска пошта, забележало дека поштенското сандаче било испразнето без негово знаење или одобрување, за што случајот го пријавило во ЦСОСК – Единицата за компјутерски криминал.

Врз основа на издадена судска наредба од Истражен судија при Основен суд Скопје 1 – Скопје од телекомуникацискиот оператор обезбедени се електронски записи за пристап (логови) кон компјутерскиот систем и утврдено е дека на 12.04.2013 година извршено е најавување, односно навлегување во компјутерскиот систем за електронска пошта, со корисничкото име на оштетената и извршено е бришење на податоци во поштенското сандаче.

Од преземените мерки и активности утврдено е дека бришењето на податоците е извршено од ИП адреса која му била доделена на пријавениот.

mvr

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:14

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 20:00

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он03/12/2025 - 16:48

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 10:19

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Предраг Петровиќ23/11/2025 - 13:09

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Катерина Ѓуровски12/11/2025 - 09:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен