А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за скопјанец кој одгледувал канабис

by А1он30/10/2014 - 14:59139
Share0

СВР Скопје во рамки на полициската акција „Мрежа“ насочена против трговијата со дрога, до надлежното Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицето А.Ѓ. (28) од Скопје осомничен за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пријавениот во текот на годинава  неовластено набавил семе од растението „Cannabis“ и го засадил во својот двор на отворено, а еден дел во пластеници лоцирани во нивата зад неговата семејна куќата. Стеблата ги одгледувал во пластениците помеѓу растенија од пченка и ги наводнувал преку систем капка по капка. Растенијата кои ги одгледувал на отворено ги покривал со сува пченка со цел да не се гледаат од далеку.

Откако растенијата канабис созреале и оформиле цветови, соопшти денеска МВР, А.Ѓ. ги кастрел цветовите и дел од гранките, ги сушел, и подготвената опојна дрога марихуана ја продавал на уживатели на оваа дрога.

По претходно добиени оперативни сознанија, со претходно обезбедена наредба издадена од судија на претходна постапка, вчера е извршен претрес во домот на пријавениот. Притоа, во нивата зад куќата, како и во гулабарник и во бокс за чување куче пронајдени се 33 стебла канабис со висина од едно до два метри, речиси 450 грама марихуна, како и четири пластични гајби со исушени гранки и цветови од „канабис сатива“. Октириени и пронајдени се и вкупно 110 куршуми, од кои 52 се пиштолска муниција кал 7,62х 25 мм, а 50 се пиштолска муниција кал 7,65 мм. Покрај ова при претресот во домот на А.Ѓ. во подрумска просторија во буре со пченица пронајдена е стаклена тегла во која што во црна кеса се пронајдени 6.450 евра и 360.500 денари во различни апоени.  А.Ѓ. вчера беше лишен од слобода во Полициската станица во Гази Баба каде во службените простории е извршен разговор со него. Тој не дал било какво појаснување за начинот на сторување на кривичното дело.

Следете a1on на Youtube YouTube

Инаку, досега во рамки на акцијата „Мрежа“ приведени и кривично пријавени се околу 130 лица, а запленети се приближно 515 килограми разни видови дроги.

drogamvr

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он08/10/2026 - 08:3608/10/2026 - 08:37

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 15:29

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:42

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Предраг Петровиќ02/10/2026 - 17:15

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 12:03

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он25/09/2026 - 15:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео