Кривична за штипски полицаец за „мачење и друго сурово, нечовечко постапување“

Од:

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Т.Д. (45)-полицаец во ПС од ОН Штип и Љ.А.(52) сопственик на приватна фирма, во Штип поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – “мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ предвидено и казниво по член 142 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Имено, на 19–ти овој месец, околу 18,15 часот, во службена просторија во Полициската станица од општа надлежност-Штип, пријавениот Т.Д. при преземање на службени активности во  својство на униформиран полициски службеник и Љ.А. по претходна согласност на наведениот полициски службеник, со употреба на сила и закана над оштетениот Х.Г. од штипското село Козјак, се обиделе да го присилат да се откаже од претходно поднесена пријава за  физички напад врз него, извршен од страна на В.Б. градоначалник  на општина Карбинци.

Веднаш по настанот, од командирот на ПС од ОН Штип, во СВКПС е добиено телефонско известување, дека при пријавување на физички напад од страна на граѓанинот Х.Г. кај полицаецот за прифат, истиот бил повикан во друга канцеларија од страна на полицискиот службеник Т.Д. По кратко време, од канцеларијата во која биле присутни и В.Б., градоначалник на општина Карбинци, Љ.А. директор на фирмата „Дрво Декор“, и полицискиот службеник Д.Т., оштетениот Х.Г. почнал да вика и да бара помош. При обидот да влезат во просторијата, останатите полициски службеници биле спречени но по известувањето  на командирот и на негова наредба, Х.Г. е предаден на полицаецот за прифат. По ова, Х.Г. пријавил дека од страна на полицискиот службеник Т.Д. и од лицето Љ.А. бил тепан, (со удари со нозете по телото) со цел да ја повлече веќе поднесената пријава за физички напад против В.Б.

Заради целосно расчистување на настанот, во натамошните активности се вклучи и СВКПС, при што од извршениот увид во евиденциите и документацијата на полициската станица и од разговорите со полициските службеници кои за време на настанот биле во ПС, во целост се потврдени наводите во пријавата.

Покрај кривичната пријава, СВКПС изрече задолжителна мерка до Началникот на СВР-Штип, против полицискиот службеник Т.Д. – согласно одредбите од Колективниот договор на МВР – да поднесе предлог за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежната Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност и до завршување на постапката Т.Д. да биде отстранет од работното место и од Министерството. Истовремено, изречена е и задолжителна мерка, поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност до надлежната Комисија и против полицискиот службеник Д.Т., со оглед дека бил присутен во канцеларијата но не презел мерки за заштита на граѓанинот Х.Г.

Би можело да ве интересира

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он