Кривична пријава за штипјанец поради проневера во службата

Од:

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против 46 годишен штипјанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

Во периодот од ноември 2016 до октомври 2018 година пријавениот, како административен работник кај извршител, од трансакциската сметка на друг извршител, со која располага неговиот работодавач, префрлил 1.425.956 денари на трансакциските сметки на шест лица, кои се во родниниски врски со истиот, соопшти полицијата и додаде дека, откако штипјаенцот ги префрлил парите, од банкомат со нивни платежни картички ги повелекувал паричните средства.

Би можело да ве интересира

Две службенички од Основниот суд Куманово осомничени за злоупотреба на лични податоци и несовесно работење

Кривична пријава за пет лица поради нелегална сеча и транспорт на дрва

Поранешна директорка на битолската Клиничка болница осомничена за злоупотреба

Кривична за велешанка – си зема 212.000 денари од касата на фирмата каде работеше

А1он

Ексградоначалник на Чашка под истрага за злоупотреба на функцијата

Кривична за битолчанец – со фалсификување документи го оштети РЕК Битола за скоро 90.000 евра

А1он