Кривична пријава за родителите на повреденото 16 месечно бебе од Струга

Од:

Струшката полиција поднесе кривична пријава против родителите на 16 – месечното бебе, кое пред еден месец било однесено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ со тешки телесни повреди.

СВР Охрид денеска соопшти дека поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, ОВР Струга поднела кривична пријава против А.М.(25) и неговата вонбрачна сопруга А.И.(21), двајцата од Струга.

– На 12 февруари годинава околу 11 часот, во СВР Охрид добиена е пријава дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга. По преземени мерки констатирано е дека во домот на пријавените врз малолетникот паднал дел од мебел, стои во информацијата.

По укажување соодветна помош во болницата „Свети Еразмо“ детето било испратено на Детска хирургија во Скопје со фрактури на градите, хематом на главата и други повреди по телото, но по прегледите биле утврдени и стари хематоми.

Би можело да ве интересира

Четворица приведени за пукањето во Чаир, двајца биле затвореници од „Идризово“

Санкции поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус

Предраг Петровиќ

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски

Отворен пункт за лични документи во Сарај

Приведен 48-годишник од неготинско село за напад врз малолетниот внук

Сакале да крадат од зградата која гореше во Чаир, приведени двајца