• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за разбојничка кражба против 38-годишен скопјанец

by А1он16/10/2016 - 12:1381
Share0

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот Ѓ.Ф. (38) осомничен за кривично дело „разбојничка кражба“ за што од страна на судија на претходна постапка му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Добивај вести на вибер

Со намера да стекне противправна имотна корист, пријавениот на 10 октомври околу 16.50 часот, влегол во маркетот Наја Цен ДООЕЛ на ул.„Исаја Мажовски“ и додека вработената била оддалечена од касата, одзел околу 25.000 денари по што се упатил кон излезот.

Бил забележан од  вработената која тргнала кон него и вербално му се обратила да го врати тоа што го одзел, меѓутоа Ѓ.Ф. се свртил и со лименка од пиво замавнал кон неа, а потоа трчајќи го напуштил местото на настанот.

– По претходно добиена судска наредба од страна на полициските службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров, на 11 октомври 2016 бил прегледан видеоматеријал од безбедносните камери поставени во маркетот по што осомничениот бил пронајден и приведен во ПС ОН Карпош, каде во присуство на Јавен обвинител било извршено препознавање на лице при што вработената го препознала пријавениот како сторител на кривичното дело, информира Министерството за внатрешни работи.

Во Полициската станица Карпош бил извршен разговор со Ѓ.Ф. каде тој го појаснил начинот на извршувањето на кривичното дело.

– Ѓ.Ф. е познат сторител на кривични дела против животот и телото како и кривични дела против јавниот ред, за што против него СВР Скопје до ОЈО Скопје има доставено три кривични пријави – за две кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и едно кривично дело „тешка телесна повреда“ од Казнениот законик на РМ, наведува МВР.

mvr

Би можело да ве интересира

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он20/01/2026 - 15:3820/01/2026 - 15:38

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он12/01/2026 - 19:36

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:01

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он19/12/2025 - 15:3819/12/2025 - 15:39

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:14

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 20:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен