Кривична пријава за противправна градба во Куманово

Од:

Секторот за внатрешни работи -Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(52) од Куманово и неговата компанија ДГПТУ „Стан Арт“ ДООЕЛ Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и Т.С. (38) исто така од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и „фалсификување на службена исправа“.

Како што се посочува во соопштението од МВР, А.М.(52) и неговата компанија во 2012 и 2013 година изградиле градба за колективно домување со посебни станбени единици наменети за продажба со која постапиле спротивно од основниот проект изработени од второпријавеното лице, а со тоа и спротивно на одобрението за градба.

– Прво и второпријавените уште во фаза на градба извршиле продажба на 10 стамбени единици, заеднички простории и гаражни места на повеќе лица од Куманово со кои биле склучени преддоговори, а потоа и договори за продажба на становите со што се стекнале со противправна имотна корист од 24 милиони 496 илјади и 748 денари, стои во соопштението.
Т.С. како архитект и главен надзорен инжињер постапила спротивно на Законот за градење со што пропуштила должен надзор на предметните објекти со што им овозможила прво и второпријавените да се стекнат со противправна имотна корист. При тоа по извршениот технички преглед на градбата изготвила и со свој потпис и печат заверила два извештаи за извршен технички преглед во кои навела невистинита содржина и податоци кои се однесуваат на тоа дека градбите биле изградени согласно основниот проект и нема недостатоци кои требало да бидат отстранети. По ова, во Секторот за урбанизам-општина Куманово извештаите биле употребени во постапка за запишување на градба во јавна катастарска книга на недвижности.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он