Кривична пријава за претседателот на здружението „Пастрмајлијада 2013“

Од:

Дваесет и петгодишен штипјанец, претседател на здружението на граѓани „Пастрмајлијада 2013“, е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување.

Од полицијата информираат дека осомничениот А.Џ. делото за кое се товари го строил во периодот од септември 2013 до октомври 2014 година, кога без донесени одлуки на органите на здружението, незаконски потрошил околу 2,7 милиони денари.

Според пријавата, штипјанецот повеќепати незаконски присвоил околу 400.000 денари, така што дел, во износ од околу 260.000 денари, ги префрлил од сметка на здружението на трансакциски сметки на повеќе физички лица, кои, откако ги подигнале, му ги давале на рака на оосомничениот, а останатиот дел од 137.000 денари, тој ги подигал од сметката на здружението, за материјални трошоци, за кои не доставил покритие. / Мета

Би можело да ве интересира

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“