Кривична пријава за поранешен управител на ЈП „Проаква“

Од:

Поради сомневање за сторени казнени дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Несовесно работење во службата“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.В. (48) од струшкото село Радолишта.

Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, искористувајќи ја својата службена положба како раководител на јавното претпријатие „Проаква“, во своја корист, а на штета на претпријатието прибавил материјална имотна корист од 328.512 денари.

– Противправната постапка ја направил во текот на 2012 и 2013 година, кога од фирма од Скопје подигнал ХТЗ опрема, која воопшто не била донесена и прикажана во магацините на претпријатието. За набавената ХТЗ опрема не била изготвена испратница или друг соодветен документ потребен за книговодствено евидентирање во „Проаква“, информира полицијата.

Тој, како што е наведено, во својство на управител, дополнително го оштетил струшкото јавно претпријатие со кое раководел, за 523.500 денари.

– Во текот на 2012 и 2013 со казнено-поправниот дом затвор – Струга склучил договор за привремено ангажирање на осум затвореници во „Проаква“ како работници за одржување паркови и зеленило. Од увидот во книговодствените евиденции на двата субјекти, констатирано е дека за секој ангажиран затвореник, КПД наплатил дневница од 500 денари. Според финансиските картици, јавното претпријатие имало обврски кон КПД од 219.000 денари за 2012 и 304.500 денари за 2013 година, се наведува во соопштението на СВР Охрид, каде е посочено дека ангажираните затвореници, најчесто не се појавувале на работното место и не ги извршувале работните задачи.

Би можело да ве интересира

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините